Дескоска: Собранието да го спречи оживувањето на аболицијата на Иванов!

by fokus 12:28
12:28

Министерката за правда Рената Дескоска денеска ги повика пратениците да направат автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување со што би го спречиле Уставниот суд да ја оживее спорната аболиција на екс претседател Ѓорге Иванов, со кој може да се спасат сите обвинети и осомничени од СЈО.

„Секојдневно сме сведоци на обиди за избегнување на правдата. Тие обиди се движат од постојано одложување на судења до иницирање постапки пред Уставен суд за укинување членови од Кривичниот законик, а сега за Закон за помилување. Целта е постигнување неказнивост за делата кои беа предмет на СЈО, а сега се префрлени во Јавното обвинителство. Со отворање на вчерашната постапка на Уставниот суд за оценка на членот 11-а од Законот за помилување се заканува голема опасност за постапките кои се водат за прислушуваните материјали“, изјави Дескоска, без да прејудицира каква ќе биде конечната одлука на Уставниот суд.

- Advertising -

Министерката рече дека и министерството ќе и предложи на Владата да побара автентично толкување од Собранието, а истото уште веднаш можат да го сторат истото.

-Тогаш ќе се види кој е за правда, а кој е слуга на криминалот. Го повикувам Собранието да ги искористи механизмите што ги има во своите раце. Со автентично толкување може да го потврди тоа што го тврдеше и сè уште го тврди стручната јавност дека членот 11 на кои Иванов ги засноваше своите масовни помилувања, не постоеше. Односно дека одлуката на Уставниот суд од март 2016 година за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година не го оживеа стариот член 11 од законот, вели Дескоска.

Поврзани новости