Дескоска: Работата на сите судии под лупа!

by fokus

Вчерашната одлука на Основниот суд Скопје 1 е уште еден доказ за партизацијата на судството од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во изминативе 10 години ВМРО-ДПМНЕ целосно го партизираше судството, ги затвори вратите за правдата и создаде заштитени мечkи кои правдата не ги фаќа, изјави денеска Рената Дескоска, кандидатка за пратеничка на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1.

– Вчерашната одлука со која Основниот суд Скопје 1 по втор пат го отфрли барањето на СЈО за увид во просториите на еден од телекомуникациските оператори е уште еден доказ за таа партизација. Владата на СДСМ и коалициските партнери се обврзува да ја врати правдата и правната држава во РМ. Ќе спроведеме целосна реформа во судството, ќе бидат преоценети судските одлуки донесени во изминатиот период. Работата на сите судии ќе биде ставена под лупа за да се открие кои судии судеа под диктат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а кои судии го спроведуваа Уставот и законот на РМ. Ќе го продолжиме мандатот на СЈО за отворање истраги и отпочнување постапки за гонење на сторителите на најтешки кривични дела кои беа откриени со проектот „Вистината за македонија“. Продолжување на работата на СЈО не значи продолжување на политичката криза во РМ, туку напротив продолжување на мандатот на СЈО значи решавање на политичката криза која постои. Политичката криза ќе заврши кога ќе имаме враќање на владеењето на правото во РМ. Политичката криза ќе заврши кога сите кои беа виновни за масовното прислушување и за тешките криминали со кои се одлеаја огромни буџетски пари од РМ ќе бидат пред лицето на правдата. Ќе ја направиме правдата достапна за сите – рече Дескоска, порачувајќи дека СДСМ ќе го врати владеењето на правото во РМ.

Поврзани новости