Дескоска: Не сум оптимист дека ќе најдеме решение за Законот за ЈО

by fokus

Министерката за правда Рената Дескоска пред средбата на работните групи во врска со законот за јавно обвинителство истакна дека не може да биде оптимист знаејќи со кого преговара, но оти ќе направат се од нивна страна да има стандарди во законот и ќе покажат добра волја таму каде што има простор.

Дескоска рече дека имаат волја да отстапат до таму до каде што ќе се придржуваат во рамки на европските стандарди и дека надвор од тоа нема да отстапуваат.

– Имаме повеќе клучни разлики, процедурата за заштитни механизми, именување на обвинител на челото на новото обвинителство, потоа дали воопшто ќе има ново обвинителство – постои разлика, и трето преодот на случаите, водењето на случаите, значи да се направи солидна правна рамка ако веќе го укинуваме Законот за СЈО, треба тие работи да бидат правно изрегулирани со цел да нема никакво сомневање, рече Дескоска.

Денешната средба на работните групи за законот за јавно обвинителство е прва по лидерската средба на Заев и Мицкоски која се одржа на почетокот на овој месец и од која не произлезе никакво решение. МИА

Поврзани новости