Дескоска му ги одзема надлежностите на Таравари за именување и разрешување на директори на училишта

by Fokus

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во идните девет месеци ќе нема право да именува и разрешува директори на основни училишта, истакна Рената Дескоска, министерката за образование, одговарајќи на пратеничко прашање на Сурија Рашиди од Алијансата за Албанците.

Министерката рече дека решението за одземање на надлежноста на градоначалникот Таравари доаѓа по проверките на Државниот просветен инспекторат, бидејќи градоначалникот разрешувал и именувал директори надвор од законската постапка. Дескоска рече и дека се поништени сите решенија на Таравари за разрешување и именување на директори во училиштата во Гостивар.

Поврзани новости