Дескоска кон кандидатите за судии и јавни обвинители: Бидете независни и потчинети само на законите!

by fokus

Министерката за правда, Рената Дескоска, денеска се обрати пред кандидатите за судии и јавни обвинители.

Таа им порача да бидат независни и непристрасни во својата работа и да не дозволат да им биде вршен притисок.

„Бидете независни и потчинети само на законите! Не слушајте ничии инструкции и не дозволувајте ничие незаконито влијание, ниту од законодавната власт, ниту од извршната власт, ниту од било која политичка партија, ниту од медиумите, ниту од судскиот или јавнообвинителскиот менаџмент. Праксата за “телефонско правораздавање”, местење судски пресуди или обвиненија за кои можевме да слушаме во нелегално прислушуваните материјали, мора да остане зад нас.

Не дозволувајте никој да ви врши влијание и не потпаѓајте под притисок да го менувате значењето на правилата, онака како што тоа им одговара на лицата кои се засегнати од правилата.

Бидете независни, но и непристрастни во својата работа. Не оставајте простор за никакво сомневање дека имате било каков личен интерес за тоа какво ќе биде решението на случајот.

Вие како идни судии и јавни обвинители треба да бидете чувари на основните права и слободи на секој кој ќе се најде во суд. Нема ништо посвето од човековите права и нивната заштита е обврска не само на судиите, туку и на јавните обвинители, истакна министерката Дескоска.

Поврзани новости