Дескоска: Доколку обезбедиме 80 пратеници, ќе го пуштиме Законот за обвинителство во процедура

by fokus

Министерката за правда, Рената Дескоска во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека ќе работат на текст на Законот на обвинителство кој ќе обезбеди поддршка од 80 пратеници во Сорабнието, а ќе ги запази сите стандарди.

-Доколку имаме 80 пратеници во Собранието, ќе одиме во процедура. Небитно од која партија ќе бидат тие. Бидејќи веќе почнаа да доаѓаат сигнали дека е позитивно да се донесе законот за отворање на преговорите. Ние имаме обрска, за да ни биде одобрен овој Закон како добар закон, кој нема да бара затворање случаи. Секој закон кој бара некоја истрага, предмет да биде затворен, ќе значи дека ние даваме амнестија преку тој закон, вели Дескоска.

Поврзани новости