Дескоска: Антикорупциска нека истражи, но дел од информациите за непотизам во СЈО се лага

by fokus

Во врска со непотизмот во СЈО, односно вработувањата по роднински и блиски врски во СЈО, министерката за правда, Рената Дескоска во интервју за „360 степени“ истакна дека дел од таа информација е невистинита и веќе била демантирана.

– Беше споменат Игор Милев, дека негов син работи во СЈО, тој воопшто нема син. Ме спомнаа мене дека маж на некоја моја братучетка била вработена во СЈО, јас ви кажувам дека тој не е вработен во СЈО, туку е вработен во МВР уште кога јас сум била студентка – потенцираше Дескоска.

Таа дополни дека во дел од случаите, се вработени лица коишто се деца на судии и обвинители, тоа не е уникатна ситуација во СЈО, но дека треба да се бара начин да се спречи влезот. Како и дека би била задоволна доколку ДКСК по допрен глас или по пријава ги истражи овие случаи.

Аферата за непотизам во СЈО, Антикорупциската комисија ја знаела уште пред три години. Но, Нури Бајрами вели дека првите луѓе на СЈО никогаш до комисијата не доставиле документација за вработените.

Бајрами вели дека независно од тоа што обвинителите веќе не работат во СЈО и се трансферирани на други работни места, Антикорупциска и понатаму ќе ги истражува сите сомнежи за непотизам.

ВМРО-ДПМНЕ пред два дена објави 20 имиња на роднини на фунционери и обвинители во СЈО. Според нив, во СЈО се вработувало врз основа на семејни врски, како и партиски кадри на СДСМ. Оттаму велат дека СЈО се претворило во институција каде биле згрижувани роднини и членовите на СДСМ.

Поврзани новости