Дескоска: Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ стигнаа во 20 часот и 19 минути!

by fokus

Амандманите поврзани со Законот за СЈО, за кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на синоќешниот дуел со премиерот Зоран Заев, тврдеше дека околу 16 часот биле испратени во Министерството за правда, стигнале во текот на вчерашниот ден, но четири часа подоцна.

Министерката Рената Дескоска за „Фокус“ изјави дека амандманите пристигнале вчера, но во 20 часот и 19 минути.

Претходно, откако од ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа да си го провери мејлот, министерката на фејсбук сподели фотографии од театар и напиша дека часовникот на ВМРО-ДПМНЕ доцни најмалку 4 часа.

– „На вистинско место – на театар, додека надвор се случувала вистинска драмолетка околу амандманите. Денеска ВМРО-ДПМНЕ два пати покажа дека живеат во паралелна реалност: прво тврдеа дека сме прифатиле нешто што никогаш не сме им прифатиле. Вечерва тврдеа дека доставиле во пишана форма амандмани во Министерството, па потоа рекоа дека пратиле на мејл. Ама дознавме и дека не живеат само во паралелна реалност, туку и саатот им доцни – најмалку 4 часа. Но, според постапките изгледаат изгубени и во времето. Само не ми е јасно зошто им требаше целата оваа драмолетка?!“, реагираше вчера Дескоска.

В.В.

Поврзани новости