Десетици Палестинци убиени на протестот против преместување на американската амбасада во Ерусалим

by fokus 13:54
13:54

Најмалку шеснаесет Палестинци се убиени, а околу 200 се повредени денеска кај граничната линија меѓу Израел и Појасот Газа, соопштија локални извори.

Илјадници Палестинци денеска се собраа по границата на палестинските територии со Израел, за да протестираат против преместувањето на американската Амбасада од Тел Авив во Ерусалим. Протестите се претворија во судири, во кои израелските војници употребија огнено оружје.

- Advertisements -

Демонстрантите се обиделе во мали групи да се доближат до оградата која ја обезбедувале тешко вооружени израелски војници. Групите се обиделе да ја нападнат границата и фрлале камења врз војниците кои одговориле со пукање.

Во Газа денеска се затворени училиштата, продавниците и институциите.

Потполковникот Џонатан Конрикус изјави дека израелските сили се „многу зајакнати“ долж првите линии на граничната ограда, но и дека дополнителни линии на одбрана се стационирани внатре во израелските општини и меѓу нив, за да ги одбранат цивилите доколку дојде до пробивање на оградата.

– Дури и ако оградата биде урната, ќе можеме да ги заштитиме израелските цивили од обид да бидат кидапирани или масакрирани, рече Конрикус.

Се очекува во текот на денот протестите да ескалираат на 70 годишницата од основањето на Израел, а ширум Појасот Газа од звучниците на џамиите Палестинците се повикуваат да се приклучат на таканаречениот „Голем марш на враќање“.

Претходно денеска израелската армија фрли летоци во кои информира дека ќе „реагира на секој обид за оштетување на безбедносната ограда или обид да се повреди било кој војник на израелските сили за одбрана (ИДФ) или израелски цивил“.

Протестот е дел од кампањата за уривање на блокадата на границата меѓу Израел и Појасот Газа која трае веќе 11 години, но и протест против денешното отворање на американската Амбасада во Ерусалим.

Поврзани новости