Десетина насилници претепале скопјанец

by fokus

Дваесет и седумгодишно момче синоќа бил претепан од десетина насилници на булевар Крсте Мисирков во Скопје.

-Синоќа во 23.10 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.Н. (27) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22.00 часот на бул. „Крсте Мисирков“ физички бил нападнат од 10 до 12 непознати лица, при што му биле нанесени телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости