Десетгодишно дете од Куманово прегазено од автомобил и со тешки повреди хоспитализирано

by fokus 11:04
11:04

Во текот на вчерашниот ден, 10-годишно дете од Куманово било прегазено од автомобил и веднаш било хоспитализирано во кумановската болница.

„На 17.02.2020 во 17.25 часот било пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ во Куманово патничко возило „фолксваген шаран“, со австриски национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(47) од Куманово удрило во 10-годишен пешак од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа СВР Куманово“, велат од МВР.

- Advertising -

Поврзани новости