Дербито Јувентус – Интер без публика поради корона вирусот

by fokus

Шест натпревари од 26. коло од Серија А ќе се играат без присуство на публика поради коронавирусот. Ова го соопшти министерот за младинска политика и спорт на Италија Винченцо Спадафора.

Пред празни трибини ќе играат:
Удинезе – Фиорентина (29 февруари)
Јувентус – Интер (1 март)
Милан – Џенова
Сасуоло – Бреша
Парма – СПАЛ (1 март)
Сампдорија – Верона (2 март).

За потсетување, поради епидемијата, одложени беа натпревари од 25. коло на италијанскиот шампионат, а средбата Интер – Лудогорец во Лига Европа ќе се игра без публика.

Поврзани новости