Дерала: Носењето на законот за Јавно обвинителство е тест за патриотизам!

by fokus

Првиот човек на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на денешната расправа за носетео на новиот закон за Јавно обвинителство, кон присутните порача да се изнајде заеднички јазик за носење на овој закон.

„Според нашите сознанија, ВМРО-ДПМНЕ бара уништување на бомбите и материјалите со законски одредби. Тоа е неприфатливо барање и не може да се случи во овој процес. Носењето на овој закон е тест за патриотизам и државништво. Се наоѓа изборот – дали ќе ги поддржат интересите на државата или ќе се поддржат криминалците. Ако не го донесето овој закон, овој состав на Парламентот ќе го запамтат само по крвавиот напад во Собранието во 2017 година. Надвор од оваа зграда, расте гневот за оние кои ја заробија државата и се уште се на слобода“, истакна Дерала.

Поврзани новости