Дерала: Изборниот законик е како швајцарско сирење, избори нека има во декември или јануари!

by fokus

Првиот човек на невладината ЦИВИЛ, Џабир Дерала, на денешната прес конференција порача дека на Македонија не и се потребни избори во април наредната година, затоа што како што рече, тие негативно ќе влијаат врз одредени полиња во општеството.

„Ние сметаме дека еден ваков настан н е е потребен. Предвремени парламентарни избори во овој момен ќе донесат сериозни забавувања, дури и стопирање на важни процеси. Економијата ќе застане, ќе доживее сериозен пад. Ќе имаме проблем со развојот на институциите кои се занимаваат со социјална правда. Бараме политичките партии да ја преиспитаат одлуката. Ако веќе мора да се има избори, тие треба да бидат во декември или јануари. Изборниот законик е како швајцарско сирење и треба да се почитуваат препораките на невладините организации. Сметаме дека треба да има Пржинска влада и треба под итно да разговараат за еден сосема поинаков модел на обезбедување доверба во изборните процеси“, истакна Дерала на денешната прес конференција.

Поврзани новости