Депонија ги труе крушевчани, од општината велат дека не станува збор за човечки фактор

by fokus

Во изминатите неколку дена жителите на Крушево се гушеа во неподносливата смрдеа што ја предизвикуваше локалната депонија, која се наоѓа на самиот излез од градот.

Како што не информираа од локалната самоуправа, против пожарните екипи го локализирале огнот, а порачаа дека не станува збор за човечки фактор.

„Екипите на противпожарната единица од Крушево се справија со огнот во депонијата а пријавено е и до МВР за ваквиот проблем. Според нашите сознанија, не станува збор за човечки фактор, туку најверојатно пожарот е настанат поради топлото време“, ни порачаа од општината.

Со овој проблем крушевчани се борат повеќе од 15 години, а локалните власти се уште не успеале комплетно да се справат со овој проблем, кој оди на штета на граѓаните, но и остава лоша слика за туристите кои го посетуваат Крушево во овој период од годината.

Фото – Фејсбук

Ј.Ц.

Поврзани новости