Денот на албанското знаме годинава одбележан скромно поради пандемијата

by Fokus

На јарбол висок 28 метри, во 14 часот исто како во Валона пред 108 години, во селото Камењане во општина Боговиње, денеска беше подигнато албанско знаме за да се одбележи годишнината од Денот на независноста на Албанија. Настанот беше организиран од жителите на селото.

Масовна празнична организација, како што се случуваше во текот на другите години во Тетово и Скопје, овој пат немаше, поради пандемијата.

Празнична програма беше емитувана на платно на плоштадот Скендербег во главниот град, организирана од Ансамблот за песна и ора, но бројот на граѓани што присуствуваа беше симболичен.

И во Албанија одбележувањето на Денот на знамето беше одбележано под посебни анти-ковид мерки. Премиерот Еди Рама, но и претседателот Илир Мета, се собраа заедно да го одбележат овој голем ден во Валона. Им честитаа на Косово, но и на Хашим Тачи.

По церемонијата на подигнување на знамето во Валона, претседателот на Републиката, премиерот и претседателот на Собранието положија венци на споменикот на независноста.

Поврзани новости