Денеска во Македонија пристигнуваат 2000 кинески вакцини

by Fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека денеска ќе стигне донација од 2000 кинески вакцини од Абу Даби.

-Од почеток на февруари имавме иницијатива преку нашиот амбасадор со Емиратите со Абу Даби и денес ќе стигнат донација од 2000 кинески вакцини и организиран е превоз. Вакцините ќе стигнат на аеродромот во Софија, а оттаму има организиран превоз со кој вакцините ќе пристигнат во нашата земја во текот на денот, рече Филипче.

Поврзани новости