Денеска во 12 часот нов протест пред Уставен суд

by Фокус

Денеска во 12 часот пред Уставниот суд ќе се одржи третиот по ред протест по одлуката на судот да прифати разгледување на иницијативата за да се поведе постапка за оценување на измените во законот за помилување.

Доколку и во втората фаза помине Иницијативата, тогаш претседателот ќе има зголемени ингиренции и ќе може да помилува затвореници кои се осудени за изборен криминал, кривични дела против полова слобода и морал и недозволено производство и пуштање во промет на дрога.

– Ајде уште еднаш јасно и громогласно да порачаме дека ние граѓаните на оваа држава нема да престанеме да протестираме се додека судиите кои ја донесоа одлуката за помилување на изборните измами и други тешки криминали не си поднесат оставка – се наведува во повикот за протестот.

Судиите Елена Гошева, Никола Ивановски, Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Јован Јосифовски, гласајќи за оваа одлука ги згазија и Уставот и правото и правдата. Нивната постапка покажува дека тие ниту го штитат Уставот, ниту пак, јавниот интерес. Тие се само продолжена рака на партијата на власт и соучесници во изборните кражби, затоа што, причинско-последичната врска меѓу нивната одлука и случајот „Титаник“ кој го води Специјалното јавното обвинителство е повеќе од очигледна“,се вели во повикот на АЈДЕ!

Седницата на која Уставниот суд дефинитивно ќе гласа за измени во Законот за помилување се очекува да се закаже за две недели.

Поврзани новости