Денеска температури до 35 степени

by fokus

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе се движи од 12 до 20, а максималната од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата од 18 до 32 степена.

Под влијание на топла воздушна маса од југ и натаму продолжува периодот на топло време, а особено топло се очекува од средината на наредната седмица. Локално во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на град.

Поврзани новости