Денеска сончево, утре дожд

by fokus

Денеска времето ќе биде облачно со повремени сончеви периоди. Во текот на денот ќе биде стабилно и потопло, но кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и во текот на ноќта и врнежи од дожд.

Претпладне во западните и во северните делови ќе има услови за слаб локален дожд.

Ќе дува умерен северен ветер кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Температурата ќе биде во интервал од 15 до 21 Целзиусов степен. Во текот на следната работна недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои се очекува да бидат пообилни во понеделник и во вторник. Ќе има и услови за ретка појава на грмежи, особено во вторник.

Поврзани новости