Денеска сончево со температури до 23 степени, од понеделник утринските ќе паднат под нулата

by fokus

Времето денеска во земјава претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со услови за слаба утринска магла, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб, а попладне и во вечерните часови умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во недела и понеделник ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика позначителен пад на температурите, така што дневните ќе опаднат за 7-10 степени во однос на утрешната, а утринските од почетокот на следната седмица на повеќе места ќе се спуштат под нулата.

Поврзани новости