Денеска сончево, од среда пад на температурите

by fokus

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени. Во Скопје ќе биде сончево со дневна температура до 25 степени.

Изутринава миниални температури беа измерени во Берово – 3, 0 во Скопје, Битола, Струмица, 1 во Тетово, 2 во Демир Капија, 3 во Струмица, 4 во Крива Паланка, Маврово, Прилеп, Штип, Куманово, 5 во Скопје-Зајчев Рид, 6 во Лазарополе, Охрид, Претор, Гевгелија, 8 во Виница и 11 во Дојран.

Слично време ќе се задржи до среда, за кога се најавува пад на температурите.

Облачноста ќе расте како што ќе одминуваат деновите, а веќе од четврток ќе пристигнат и првите дождови ова есен. Максималните дневни температури ќе се движат помеѓу 14-17 степени.

 

Поврзани новости