Денеска се затвора ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло

by fokus

Денеска ќе биде затворен ковид-центарот во Клиниката за уво, нос и грло. Таму во моментов се хоспитализирани 4 пациенти и тие во текот на денешниот ден ќе се префрлат во друг клиника, информираше Министерството за здравство. Ова е втор ковид- центар кој се затвора неделава.

Вчера беше затворен и ковид- центарот сместен во Клиниката за очни болести. Затворањето доаѓа откако се бележи намалување на бројот на хоспитализирани пациенти.

Според денешните извештаи, во ковид-центрите во Скопје се сместени помалку од 300 пациенти, а во болниците во цела држава се хоспитализирани. Бројот на слободни кревети, пак, изнесува 621.

Поврзани новости