Денеска се прегласува на едно избирачко место во Чаир

by Fokus

Денеска се прегласува  на избирачко место 2901 во општина Чаир. Тоа е единственото место на кое се прегласува по вториот круг од локалните избори.

Во вториот круг, разликата во Чаир меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од Беса беше 209 гласа, а на избирачкото место 2901 вкупно се запишани 719 избирачи. На ова избирачко место, Ибраими го победи Ганиу со 66 гласа.

Управниот суд ги одби останатите 15 тужби, што политичките партии ги поднесоа по вториот круг од локалните избори одржани на 29 октомври.

Поврзани новости