Денеска променливо со повремен дожд, а за викенд сонце

by fokus

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од -1 до 7, а максималната температура од 12 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, попладне проследено со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 16 степени.

В петок и за време на викендот ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време. Од понеделник попладне се очекуваат нови локални врнежи од дожд.

Поврзани новости