Денеска продолжува конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ќе се бира за лидер

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска на вонреден Конгрес во Валандово ќе гласа за нов лидер на партијата, а единствен кандидат за таа позиција е досегашниот генерален секретар Христијан Мицкоски.

Конгресот започна вчера, а од 544 делегати, присуствуваа 411, со што исполнета е обврската од членот 18 од статутот на партијата, според кој може конгресот да работи, односно да се присутни најмалку две третини од вкупниот број делегати или најмалку 363 делегати.

Поврзани новости