Денеска пресуда за Лазаров, единствениот кој призна вина за „Насилството во Центар“

by Fokus

Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да биде изречена пресудата за Томислав Лазаров, четвртообвинет во предметот „Насилство во Центар“ на Специjaлното јавно обвинителство, кој е единствениот кој призна вина за овој случај.

Судијката Татјана Михајловa на рочиштето што се одржа на 20 ноември ја издвои постапката за Лазаров откако тој се изјасни дека се чувствува виновен и оти од оваа временска дистанца длабоко се кае. Тој рече дека за признанието немал никакви притисоци, ниту од Специјалното јавно обвинителство, ниту од полицијата.

Обвинителката Фатиме Фетаи во својот завршен збор побара од судот да ги цени сите олеснителни и отежителни околности на обвинетиот. Како олеснителна околност наведе дека Лазаров досега не е осудуван, како што рече никогаш не се огрешил пред законот, а напомена и дека е оженет и е татко на две малолетни деца.

„Се работи за партиски кадар, кој бил спрегнат да работи за интересите на највисокото партиско тело, а не за доброто на сите граѓани – рече Фетаи, која дополни дека обвинетиот како тогашен советник ги преставувал интересите на граѓаните, па затоа се очекувало и да работи во нивен интерес, а на во интерес на партијата која го претставува“.

Фетаи во завршниот збор и точно ја опиша улогата која ја имале дел од обвинетите во овој случај.

„Локација од која извира идејата за настанот е од мозокот на Никола Груевски, а веднаш по него е послушникот Миле Јанакиески. Лазаров е еден од потикнувачите на извршителите на насилството – рече Фетаи.

Таа, исто така тогаш додаде дека била позитивно изненадена од признанието на Лазаров бидејќи тоа е од значење за целата постапка, која ќе продолжи да се води против останатите 13 обвинети.

Поврзани новости