Денеска оздравени 18 пациенти, вкупно 139 излечени

by Frosina Fakova

Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти, соопштуваат од Министерството за здравство.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, две од болницата во Дебар, а регистрирани се и пет оздравени пациенти, две од Кочани и три од Скопје, кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на корона вирусот.

Со ова бројката на оздравени се искачи на 139 пациенти.

Поврзани новости