Денеска и утре е првиот рок за упис на државните факултети

by Fokus

Денеска и утре е првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во првата година во учебната 2019/2020 година може да се запишат вкупно 10.665 студенти. Вториот уписен рок на УКИМ ќе биде на 12 и 13 септември, а третиот рок на 25 септември за факултетите каде што ќе останат слободни места.

Уписите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола исто така траат денеска и утре.

Во академската 2019/2020 година има 2.935 слободни места, 1.575 во државната квота, 820 со кофинансирање и 540 за вонредни студенти.

Уписите на Универзитетот „Гоце Делчев“ траат до 2 септември.

За конкурсот кликнете ТУКА

Поврзани новости