Денеска е последен ден за барања за субвенции

by fokus

Mлекарите и живинарите уште денеска ќе можат да поднесуваат барања за субвенции, информира Министерството за земјоделство.

Финансиската поддршка е за откупено овчо, козјо и кравјо млеко и за набавени несилки во живинарските фарми од октомври до декември 2016 година.

За млекото висината на поддршката е по 3,5 денари за еден литар однесен во лиценцирана млекарници.
Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство или фармата.

До крајот на денот истекува и рокот за поднесување на барања за финансиска поддршка и во живинарството за набавени несилки исто така од октомври до декември 2016 година.

Според ресорното министерство за секоја купена несилка ќе се добиваат по 100 денари субвенции.

Поврзани новости