Денес на МТВ ќе биде промовирана евровизиската песна

by Fokus

Евровизиската песна „Here I stand“ со којашто Васил ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија ќе биде промовирана со видео запис во Дневник 1 на МТВ, во денес, со почеток во 17 часот и 30 минути, каде Васил ќе гостува во живо. Песната е работена според музика и текст на Васил, а за аранжманот и продукцијата се погрижија Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

Музиката за песната се снимаше во студиото FAMES, со оркестар во живо, под диригентската палка на Олег Кондратенко, а нотите ги распиша Владимир Ботев.Вокалот на Васил се снимаше во студиото „Подрумот“ на Ангел Ќосев, а придружните вокали во Чикаго. За песната е изработен и видео запис на повеќе локации, отсликувајќи го процесот на снимањето на песната во студиото FAMES, дел од сцените се снимани во Даут Пашин Амам во Скопје, а во спотот се прикажуваат и кадри од Културниот Центар во Чикаго, каде Васил поминувал многу време со Детскиот Хор од Чикаго.

Видео-записот во Скопје го снимаа и монтираа Ѓорги Вацев и Борче Димовски од Digital Box, а режијата е на Васил Гарванлиев. За стајлингот се погрижи Signori. Годинава секоја земја мора да обезбеди снимка од настап во живо на својот претставник, а МТВ во дадениот временски рок успешно го реализираше овој проект во соработка со РТС ( Радио Телевизија Србија ), во едно од студијата на РТС на Кошутњак, Белград, запазувајќи ги сите пропишани стандарди на ЕБУ, кои одговараат на големината на едно музичко шоу и телевизиски спектакл каков што е Евровизија.

Сценскиот настап на Васил го работи искусен тим од Шведска, Тине Матулеси и Мари Рибергер, кои беа задолжени и за сценскиот настап на Тамара Тодевска во 2019-та година. Костимот за сценскиот настап е дело на костимографот Раде Василев.

Вики Клинчарова

Поврзани новости