Денес љубовта победи, им кажа Јоце Панов на гостите на свадбата

by Fokus
Поп пејачот Јоце Панов направи свадбена забава во познат ресторан во Скопје за време на викендот.

По десет години врска, тој и Марина Нацевска го кажаа судбинското Да. Голем број на јавни личности ја прославија љубовта на Јоце и Марина, посакувајќи им љубов и среќа во заедничкиот живот, а штипјанецот им се заблагодари со видео за песната ,,Денес љубовта победи’’ изработено со кадри од свадбата.

Панов е присутен на естрадата повеќе од една деценија. Зад себе има многу хитови и награди на интернационални фестивали во Црна Гора, Хрватска, Белорусија, Бугарија…

Пред неколку месеци во интервју за ,,Фокус’’ раскажа дека животот никогаш не го галел премногу, и како дете останал без татко. Мајка му, која сама ги одгледала него, сестра му и брат му, почина ненадејно лани.

-Животот не ме галеше многу, и ме научи дека семејството е нешто свето. Дека треба да се живеее во љубов, да се трудиме што повеќе време да минуваме со блиските – раскажа тогаш Јоце.

Тој околу една година живее во Скопје, каде успеал да си купи стан, како што вели со сопствениот труд. Уште тогаш ни кажа дека Марина често доаѓа кај него и отсекогаш ја гледал како своја идна сопруга.

Вики Клинчарова

Поврзани новости