Денес ќе се вакцинира Мицотакис, а утре Ципрас

by Фокус 09:13
09:13

По пристигнувањето на првата пратка од 9.750 дози на вакцината од Фајзер/БиоНТек, денеска во Грција започнува вакцинацијата на здравствените работници во пет атински болници.

Од симболични причини, вакцината ќе ја примат и грчкиот премиер и грчката претседателка, како и претставници од Министерството за здравство, од црквата, опозицијата, но и армијата,.

- Advertisements -

Први ќе се вакцинираат медицинска сестра од Одделот за интензивна нега во атинската болница „Евангелисмос“ и повозрасен граѓанин згрижен во дом за стари лица.

Веднаш по нив, во периодот од 14 до 17 часот по локално време во две различни болници во Атина, вакцината ќе ја примат претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и грчкиот претседател Кирјакос Мицотакис

Потоа, ќе следат шефот на Комисијата на епидемиолози Сотирис Циодрас, претседателот на Парламентот Константинос Тасулас, генералниот секретар на партијата МЕРА25 Јанис Варуфакис, претседателката на Националната комисија за вакцинација Мариа Теодориду, началникот на Генералштабот на грчката армија Константинос Флорос и митрополитот Јеротеос, како претставник на поглаварот на ГПЦ.

Утре, ќе се вакцинираат лидерот на СИРИЗА Алексис Циорас, министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас и генералниот секретар во министерството Мариос Темистоклеус.

Поврзани новости