Денес ќе биде познато дали Грујевски и Бошковски ќе бидат екстрадирани во Македонија

by Fokus

Денес ќе биде познато дали бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски ќе бидат екстрадирани во Македонија, бидејќи во 10 часот по грчко време, во Солун, треба да продолжи судењето за барањето за екстрадиција.

–На судењето ќе бидат доставени документи од одбраната во поглед на тоа дека барањето за екстрадиција е неосновано, а дали ќе бидат сослушани уште сведоци не знам, изјави вчера за МИА адвокатот на обвинетите, Петар Василев.

Грујевски и Бошковски, кои се обвинети од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“, беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври годинава, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.

Поврзани новости