Ден пред штрајкот, министерството за образование ги повикува СОНК на средба

by Фокус

На само еден ден пред најавениот генерален штрајк, министерството за образование го повикува раководството на СОНК на средба во недела во 11 часот во просториите на ресорното министерство. Од таму, преку соопштение известија за средбата.

Од министерството информираат дека зголемувањето на платите на вработените во областа на образованието е дефинирано во Програмата за работа на Владата, при што за оваа календарска година предвидено е зголемување за 4 отсто, додека во следните години зголемувањето ќе зависи од буџетските можности.

Во соопштението се наведува дека министерството прифаќа дебата и за унапредување на системот на екстерното тестирање, но единствено во насока на зголемување на знаењето на учениците и подигнување на објективноста на наставниците при оценувањето.

Поврзани новости