Ден по поплавите, Иванов на лежерна дружба со Сандовал?

by fokus

Изгледа дека само ден по катастрофалните поплави претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов и неговиот син Иван беа на запознавање и дружба со познатиот џез трубач, кубанецот Артуро Сандовал, кој што имаше гостување во Охрид, во склоп на фестивалот Охридско лето.

Воодушевен од Иванов, кубанецот на својот официјален профил ги објавил нивните заеднички фотографии под кои што напишал ,,Вистинска чест ми беше што го запознав Господинот Ѓорѓе Иванов, претседателот на Македонија и неговиот син денес, тој е еден од најфините луѓе кои што сум ги сретнал,,.

arturo sandoval3

Според времето и датумот на објавата, средбата помеѓу Иванов, кој што е голем љубител на џез музиката и Сандовал, се случила на седми август, a фотографиите се споделени во 15 часот.
arturo sandoval3

Во тоа време, поголемиот дел од македонската јавност будно ги следеше известувања на медиумите за поплавените области и за бројката на жртвите која што од 15 рано изутрината, до ручек дојде до 20. Најверојатно, откако завршила дружбата со џезерот, Иванов ги посети поплавените области и апелираше до народот да донира, бидејќи, како што изјави ,,Сега е момент за хуманост,,.

Вики Клинчарова

Поврзани новости