Ден на жалост и во Србија, Бугарија, БиХ и Црна Гора за загинатите во Кочани

by Fokus

Во знак на сочувство за загинатите во пожарот во Кочани денеска ден на жалост прогласија Србија, Бугарија, Босна и Хрцеговина, а вчера и Црна Гора.

Српската Влада, на предлог на претседателот Александар Вучиќ, го прогласи 18 март за ден на жалост. Во Србија на лекување се испратени и дел од повредените во Кочани, кои вчера ги посети претседателот Вучиќ.

Бугарската Влада на вонредна седница донесе одлука денеска да биде ден на жалост во знак на солидарност со Северна Македонија. Премиерот Росен Жељазков изрази сочувство до семејствата на загинатите и надеж за успешно закрепнување на повредените. Тој информира дека во моментов во Бугарија се лекуваат 14 македонски државјани во болници во Софија, Пловдив и Варна. Искажа подготвеност за прием и на други повредени доколку има потреба.

Ден на жалост денеска е и во Федерацијата Босна и Херцеговина, а во текот на вчерашниот ден и во Црна Гора.

Поврзани новости