Ден на жалост во Делчево по трагедијата во која загина цело семејство

by Fokus

Општина Делчево 11 октомври го прогласи ден на жалост по трагедијата во која вчера загина тричлено семејство.

Според полицијата, автомобилот на загинатите директно се судрил со камион натоварен со дрва.

-Во несреќата на лице место загинале 32-годишниот ДД кој го управувал возилото, неговата пет години помлада сопруга и нивниот двегодишен син. Несреќата била пријавена во 15:40 часот, а се случила на магистралниот пат Кочани-Делчево кај месноста Лештаро, информираше вчера Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.

Поврзани новости