Демонстрантите се скараа кој да се види со Мицкоски уште пред тој да ги повика на средба

by fokus

Демонстрантите пред белата палата на ВМРО-ДПМНЕ се скараа кој да влезе на средба со опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски, кој се уште не одговорил на нивното барање да разговара со дел од нив.

Тие пред седиштето на партијата побараа опозициските пратеници да си поднесат оставка од Собранието и да излезат на протест со нив против промена на името на државата.

-Бараме од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не прават кворум на седници на кои се работи контра македонија и македонските интереси. Меѓу народот им е местото, не на седници на кои се расправа за продавање на македонските интереси, рече Страшко Олумчев, претседател на Семакедонскиот национален совет, кој реагираше до новинарите зошто не го знаеле неговото име.

Поврзани новости