Демонстрантите против промена на името го проколнуваат Заев и се крстат во Иванов

by Фокус

Демонстрантите кои на денешниот протест пред парламентот под мотото „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ бараа одбрана на уставното име, скандираа „предавник“ секогаш кога ќе се споменеше името и презимето на премиерот Зоран Заев и договорот што тој го склучи со грчкиот колега Алексис Ципрас.

Од друга страна, пак, тие во позитивна конотација скандираат за претседателот Ѓорге Иванов, кому му одадоа признание, за, како што порачаа, тоа што се залагал за одбрана на името на државата и македонските национални интереси.

Организаторите на протестот протестот, на кој можеше да се прочита транспарент „Нашето име е нашиот идентитет“ и се пееше песната „Едно име имаме“, сметаат дека промената на името значи процес на создавање на нова нација.

Инаку, тие најавија кривична пријава против првиот човек на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски и побараа интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поради прекумерна упоребна на сила од страна на полицијата на претходните протести.

Поврзани новости