Демонстрантите пред Собрание: На Мицкоски му се поважни хидроцентралите од името

by fokus

Граѓаните кои со поставени шатори протестираат пред Собранието против промена на името, попладнево му се спротивставија и на Христијан Мицкоски, иако минатата недела протестираа заедно.

Денеска тие останаа пред Собранието и не се придружија на протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Влада.

-Сите 120 пратеници се предавници. Ниту еден не испадна маж да дојде тука. На Мицкоски му се поважни хидроцентрали наместо името. Тие шо се Македонци, ќе останат тука. Никој нема да ни ја забрани македонштината. Луѓе, проаѓаат. При очи се прават слепи. Вие сте Македонци. Треба да го браниме нашето, македонското. Тие што се за Македонија, треба да се овде. Мицкоски и Заев гледаат за нивниот џеб. До каде дојдовме?до 200 евра плата, порачаа тие.

Поврзани новости