Демонстрантите од иницијативата „Системот нѐ убива“ насилно отстранети од Националното собрание во Софија

by fokus

Демонстрантите од иницијативата „Системот нѐ убива“ попладнево насила беа отстранети од зградата на Националното собрание во Софија, јави БГНЕС.

Десетиците полицајци, кои стоеја на влезот во зградата на поранешниот Партиски дом, сега пренаменет во новото бугарско Народно собрание, беа гаѓани со домати, јајца, шишиња со минерална вода… На пладне во зградата влегоа мајките од движењето „Системот нѐ убива“ и потоа одбија да ја напуштат се додека пратениците не ја изгласаат остваката на премиерот Бојко Борисов.

Насобраните скандираа „Мафија“ и „Оставка“.

Пред половина час од зградата излегоа дел од демонсрантите и веднаш се пожалија дека биле клоцани од полицијата. Дел од нив се пожалија дека од внатрешноста на зградата не можеле да побараат интервенција на итната медицинска помош затоа што биле прекинати врските на нивните мобилни телефони и Интернетот.

Поврзани новости