Демонстрантите на Груевски се проретчија, ќе се носат со автобуси?

by fokus

Бројот на стотина демонстранти кои се одзваа на повикот на ВМРО-ДПМНЕ и на лидерот Никола Груевски и дојдоа пред Кривичниот суд во 13:30 часот, попладнево почна да се намалува. Меѓу присутните се зборува дека вечерва партијата ќе пушти автобуси по другите градови низ Македонија со цел да донесе повеќе демонстранти.

Пред Кривичниот суд беше поставена импровизирана бина на која прв се обрати пратеникот и актер Крсто Јовановски. Се делеше и топол чај.

Поврзани новости