Демонстранти влегоа во зградата на Конгресот, прекината постапката за сертификација на изборите

by Fokus

Законодавниот дом на САД е затворен откако поддржувачи на Трамп денеска упаднаа во зградата и ја опкружиле сенатската сала за заседанија на Конгресот. Ова денеска на Твитер го објави сенаторот Џејмс Ленкфорд.

Поради ова, постапката за сертификација на изборите е прекината, а од безбедносни причини на сенаторите им биле укажано да останат во салата.

Ова денеска се случи веднаш по говорот на претседателот Доналд Трамп.

Трамп испрати неколку Твитер пораки во меѓуврeме, но не кажа ништо во врска со продорот на демонстранти во Конгрeсот.

Поврзани новости