Демонстранти демолираа претседателска резиденција во Казахстан

by Fokus

Демонстранти, вооружени со пушки и гранати во Алмати, ја демолираа претседателската резиденција, јавија локални медиуми. Резиденцијата е опожарена, а горат и околни згради, додека полицијата по истрели од огнено оружје ја напуштила зградата.

Прекинат е интернет пристап до телекомуникациските услуги, а интернетот не работи во ниту еден дел од градот.

Казахстан четврти ден по ред е погоден од протести поради поскапувањето на горивата. Протести избија на 2 јануари во градовите во регионот Мангистау во југозападен Казахстан, а потоа зафатија и други центри.

Претходно денеска, претседателот Касим-Жомарт Токаев воведе двонеделна вонредна состојба во регионите Мангистау и Алмати.

Поврзани новости