Демолирано училиштето од каде се дели помошта во Сингелиќ

by fokus 12:49
12:49

Основното училиште „25 Мај“ во Сингелиќ е демолирано од непознати сторители кои го искршиле инвентарот во неколку училници. Во ова училиште се собираат донациите кои им се делат на жителите погодени од поплавите.

Градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски на својот профил на Фејсбук објави фотографии од демолираното училиште и повика несовесните граѓани да се воздржат од вакво недолично однесување.

– Во време кога се прават напори за стабилизирање на состојбата на терен по поплавите кои направија голема штета на голем број домаќинства, во старото училиште „25 Мај“ имаше упад од страна на несовесни лица кои оштетија голем дел од училишниот инвентар. Се упатува апел да не се прават дополнителни штети во ситуација кога треба да се помогне на најзагрозените жители од Гази Баба, порача тој.

Поврзани новости