Демократскиот сојуз повика на национално единство

by fokus

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов повика на национално единство во како што наведуваат во соопштението, овие исклучително сложени и тешки предизвици

„Одговорноста е пред сите нас без разлика на партиската, етничка или верска припадност, затоа е неопходно разумно однесување и без поделби на патриоти и предавници, на победници и поразени, уште помалку да се двоиме по етничка основа. Веруваме дека нема граѓанин што прифаќа да се разговара и преговара за промена на Уставното име на државата, но лидерите се тие што мораат да отвораат перспективи за сегашните и идните генерации и по цена да ја завршат својата политичка кариера“, велат од ДС.

Според партијата, блокада на овие процеси ќе ги зајакнат позициите на екстремните структури и ќе ја вратат Македонија назад кон авторитарен систем.

„Демократскиот сојуз, поаѓајќи од националните и државни интереси на Република Македонија, ја охрабрува Владата и сите лидери на политички партии (позиција и опозиција) храбро и достоинствено да продолжат да  работат на СТРАТЕГИЈА за продолжување на евроатланските процеси и разрешување на отворените прашања со Грција“, стои во соопштението.

Поврзани новости