Демократски сојуз: Парламентот нема никакви пречки да ги донесе законските измени за СЈО

by fokus
Демократскиот сојуз на 5 октомври 2016 година, до Собранието на РМ, достави предлог закони со кои се предлага создавање на законски можности, рокот за поднесување на обвиненија од страна на СЈО да се продолжи, како и обезбедување на услови за користење на заштитени сведоци од страна на СЈО во кривични постапки.
Од партијата на Павле Трајанов денеска реагираат дека се блокира донесувањето на овие законски измени.
-Согласно деловникот за работа на Парламентот, нема никакви пречки законите да бидат ставени на разгледување и нивно донесување. Со промените, Парламентот ќе создаде услови за поефикасна работа на СЈО и соочување со правдата на сите оние кои ги кршеле законите и се стекнале со капитал на криминален начин, посочуваат од ДС.

Поврзани новости