Демократски сојуз: Нема услови за локални избори во октомври

by fokus

Демократскиот сојуз оценува дека нема услови за одржување на локалните избори во октомври.

„Поради потребата од сериозни реформи во изборната регулатива, како и отстранување на слабостите во изборните процеси неопходно е одржувањето на локалните избори да се одложи најмногу за 12 месеци“, вели партијата на Павле Трајанов.

Инаку, сосема е јасно, потсетува ДС, дека мандатот на советите на општините и градоначалниците е истечен и од Уставен аспект не е можно продолжување на мандатот, но кај нас досега Уставот беше повеќе пати подреден на политички договор, но таков веќе е постигнат за реобновување на мандатот на советниците и градоначалниците наводно за интересите на граѓаните.

Демократскиот сојуз не ја оспорува потребата локалната самоуправа да функционира, но во вакви околности градоначалниците треба да имаат ограничени овластувања и одговорност пред Владата, бидејќи мандатот ќе го добијат од парламентарното мнозинство, а не од граѓаните.

Локалните избори треба да се одржат штом за тоа ќе се создадат услови, но не подолго од година дена“ се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Поврзани новости