Демократска фракција на ВМРО-ДПМНЕ: Сдсмовците покажаа дека се срамат и дека не го поддржуваат својот шеф

by fokus

Срамната прослава за промена на името и влез во НАТО помина, а плоштадите останаа празни. Народот овој пат не ја проголта лагата и манипулацијата произлезени од неуставниот и срамен договор од Преспа. Коалиционата влада на Заев и неговата „купи-ден” додоворувачка проевропска политика доживеа дебакл. Народот ги препозна даровите на Данајците и лажното мастило во пенкалото подарок, стои во реакцијата на Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ во синоќешната прослава.

„Самозамислената „Голема граѓанска прослава: Македонија во НАТО и ЕУ“ стана пародија. Заев и неговата партија никако да сватат дека нормален човек не може да слави ирационално и недостоинствено „конечно решение“ на т.н. Македонско прашање на Балканот“, самоомаловажување, самообезличување и комплетно редефинирање на сопствениот политички систем.

Во оваа прилика сакаме да им одададене почит на сите достоинствени граѓани, пред се на членовите на СДСМ кои не потклекнаа на наредбите и притисоците на сдсмовско-дуиџиската власт. И сдсмовците покажаа дека се срамат и не ја поддржуваат капитулантската политика на својот шеф. За разлика од периодот на Груевски, овој пат партиското членство покажа свест и совест и ги одби автобусите и сендвичите и останатите лажни ветувања.

Калкулатско-додворувачката политика на тандемот Мицковски-Заев нема да ги поколеба граѓаните на Република Македонија. Народот ја покажа својата сила и воља и патриотизам, а тоа ќе го покаже и со бојкот на референдумот доколку го има,“ велат од таму.

Поврзани новости